Кошарка

Суперкуп „Драган Василов – Цевка“: 80 години кошарка во Куманово

Сподели
Сподели

Денес, МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром ќе играат за првиот трофеј во новата сезона.

Овогодишното финале ќе има посебно значење за домаќинот и за целиот кошаркарски град. Натпреварот ќе се одигра во знак на големиот јубилеј – 80 години кошарка во Куманово.

Осум децении кошаркарска традиција, генерации играчи, тренери и спортски работници, бројни натпревари и незаборавни моменти ја создаваат богатата кошаркарска приказна на Куманово. Љубовта кон овој спорт со години ги обединува кумановчани и претставува важен дел од спортскиот идентитет на градот.

Токму затоа, јубилејот ќе биде одбележан со натпревар за првиот трофеј во новата сезона. Финалето на Суперкупот ќе биде можност кумановската публика да проследи квалитетен и атрактивен кошаркарски дуел, исполнет со спортски дух, фер-плеј и атмосфера достојна за големото финале.

Во исто време, овој настан е и своевиден поттик за новите генерации кои растат со кошарката и кои во годините што следат ќе ја продолжуваат традицијата на овој спорт во Куманово.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!