РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А-репрезентација ги привршува подготовките за првиот меѓусебен натпревар со Швајцарија. Дуелот против еден од најквалитетните европски национални тимови е закажан за в сабота, од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Со овој натпревар Македонија го отвора новиот циклус во Лигата на нации и својата прва сезона во Лига Б. Во групата Б1, покрај Швајцарија, наши противници се и селекциите на Словенија и Шкотска.

По четирите одработени тренинзи во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски е задоволен од односот и работата на фудбалерите.

„Од сите играчи сум презадоволен. Сите четири тренинзи ги одработија максимално и знаат што треба да работат на терен. Против секој противник треба да се игра, па така и против силната Швајцарија. Знаеме каков ростер имаат, но сакам да размислуваме пред се за нас. Сите наши фудбалери се здрави и тренираат добро, освен Николов кој нема да настапи. Со помош на публиката верувам дека можеме до позитивен резултат. Очекуваме голема поддршка од трибините, а наше е да прикажеме добра игра“, изјави Седлоски.

За Македонија ова ќе биде и првиот домашен натпревар по подолга пауза, што дополнително го зголемува мотивот кај репрезентативците. Капитенот Енис Барди очекува полниот стадион да биде важен фактор во дуелот со Швајцарија.

„Имаме одлична атмосфера, среќни сме што повторно сме заедно и подготвени сме за максимум. Очекуваме голема поддршка од навивачите, тоа многу ни значи. Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет. Многу ни значи полн стадион и свесни сме дека пред нас е тежок натпревар“, вели Барди.

Во составот има и нова енергија со неколку млади фудбалери кои за првпат се дел од А-репрезентацијата. Капитенот нагласува дека младите се добро прифатени во националниот тим и дека нивното присуство носи дополнителна свежина.

Еден од лидерите на репрезентацијата, Елиф Елмас, исто така очекува исклучително тежок предизвик, но верува во квалитетот и подготвеноста на Македонија.

„Очекувам тежок натпревар. Играме против моќна репрезентација и четвртфиналист на Мундијалот, но ние сме подготвени и ќе излеземе по позитивен резултат. Чест ни е што младите се со нас, ги прифаќаме најдобро што можеме. За секој фудбалер е чест да го носи дресот на репрезентацијата“, истакна Елмас.

Швајцарија во Скопје пристигнува по настапот на Светското првенство во 2026 година, на кое стигна до четвртфиналето. Тимот предводен од Мурат Јакин располага со голем број квалитетни и искусни фудбалери и покрај неколкуте отсуства во составот.

За македонската репрезентација, сепак, фокусот е јасен, силен почеток на новиот циклус, со максимален ангажман на теренот и поддршка од трибините.

Македонија – Швајцарија, сабота, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ поведе постапки против Башкими и Муарем Муарем, изречени суспензии за шестмина фудбалери и тренери

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлуки за поведување дисциплински постапки против ФК Башкими и две официјални лица, како и за изрекување дисциплински казни...

ФудбалФутсал

Проект вечерва гостува кај СЕЕ Университи, Јувентус Серава домаќин на Форца, дерби на Шкупи и Кеги Моби

Второто коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дуелот меѓу СЕЕ Университи и актуелниот шампион Проект, кој е закажан за 19:00...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!