Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што тимот од Автокоманда ќе треба да добие нов тренер.

Муарем на почетокот на сезоната го презеде кормилото на Скопје, но по осум кола „пиратите“ и натаму немаат триумф, имаат скоро од три ремија и пет порази. Со три бодови на своето конто, повратникот во елитата е на дното од табелата.

Раководството на Скопје ќе добие на време бидејќи е репрезентативна пауза, со цел да назначи нов тренер, а новиот предводник да има време да ја подготви екипата за деветтото коло, во кое коло Скопје на домашен терен ќе игра против шампионот Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!