Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хрватска доминираше во второто полувреме и убедливо ја совлада Србија во Охрид

Сподели
Сподели

Репрезентацијата на Хрватска стигна до убедлива победа над Србија со 28:15 во првиот натпревар од вториот натпреварувачки ден на турнирот „Трофеј Македонија“ во Охрид.

Србија подобро го отвори натпреварот и во првиот дел успеваше да одржува резултатски приклучок. Србинките во еден момент имаа и предност од 6:3, а по израмнувањето на 7:7, двете селекции кратко време играа во ритам „гол за гол“.

Сепак, како што одминуваше првото полувреме, Хрватска ја презеде контролата врз играта. По неколку грешки на српскиот состав, избраничките на Ивица Обрван успеаја да направат разлика и на одмор заминаа со 13:9.

Во второто полувреме хрватската селекција одигра уште поквалитетно. Цврстата одбрана создаваше можности за брзи контранапади, а Србија тешко наоѓаше решение во нападот. Хрватска за кратко време стигна до двоцифрена предност од 21:11, со што практично го реши прашањето околу победникот.

До самиот крај немаше неизвесност. Хрватките продолжија во ист ритам и во вторите 30 минути примија само шест гола, за конечни 28:15.

Најефикасна во победничкиот состав беше Катја Вуковиќ со пет гола, додека кај Србија петпати погоди Александра Васиќ. За најдобра ракометарка на натпреварот беше прогласена Ивана Фратник, која постигна четири погодоци.

Со оваа победа Хрватска испрати јасна порака на турнирот во Охрид, додека Србија по двата натпревари против Македонија и Хрватска останува без победа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!