РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в сабота на „Националната арена Тодор Проески“ ќе се соочи со Швајцарија.

Главен судија ќе биде Германецот Даниел Шлагер, а негови помошници ќе бидат Свен Новицки и Тобијас Фрич. За четврти судија е делегиран Робин Браун, додека во ВАР-собата ќе бидат Бенјамин Бранд и Бенјамин Кортус.

За Шлагер, кој ФИФА знакот го носи од 2022 година, ова ќе биде 303. натпревар во неговата кариера, а втор во Лигата на нации. Претходно судеше во ова натпреварување на 17 ноември 2024 година, кога ја делеше правдата на натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови, кој нашата репрезентација го доби со 1:0 со голот на Бојан Миовски.

Германскиот арбитар во просек покажува 4,31 жолт картон по натпревар. На дуелот на „Тодор Проески“ пред нешто помалку од две години, Шлагер им покажа жолти картони на Никола Серафимов, Езгијан Алиоски, Енис Барди, Исник Алими, Милан Ристовски и Петур Кнудсен.

Шлагер досега бил делегиран и на два натпревари во квалификациите за Европското првенство. Во клупските натпреварувања под организација на УЕФА судел на 16 меча – 13 во Конференциската лига и три во Лигата на Европа.

Во Бундеслигата има судено на 106 натпревари, додека во Купот на Германија бил делегиран на 17 средби.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!