Втора женска фудбалска лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен состав на лигата – две екипи кои настапуваа и минатата сезона, еден лански прволигаш, еден повратник и дури четири дебитанти.

Пропозициите и за сезоната 2026/2027 остануваат исти. Првопласираниот тим на крајот од сезоната ќе обезбеди директен пласман во Првата лига, додека второпласираниот ќе игра бараж против претпоследнопласираниот тим од прволигашката конкуренција за место во елитата.

Билјанини Извори и Плачковица се екипите кои и минатата сезона беа дел од второлигашката конкуренција. Тимовите од Охрид и Радовиш во изминатите сезони покажаа стабилност во играта, резултатите и континуитетот во натпреварувањето, па и во новата сезона ќе бидат дел од борбата за што подобар пласман.

По една сезона пауза, во Втората женска фудбалска лига се враќа Победа од Валандово, додека Топ Гол во новата сезона ќе настапува во второлигашкото друштво откако минатата сезона испадна од Првата лига.

Како што претходно информираше Спортска Мрежа, во новата сезона за првпат во Втората женска фудбалска лига ќе настапат Менада од Тетово, Башкими од Куманово, Ржаничино од Скопје и Топ Грлс од Охрид.

Од овие четири дебитанти, само Башкими во изминатите неколку сезони имаше свои екипи во младинските категории. За Менада, Ржаничино и Топ Грлс, пак, ова ќе биде прв настап во официјално сениорско натпреварување откако ги формираа своите екипи.



Првото коло се отвара в сабота со два натпревари. Од 11 часот во Слупчане ќе се одигра натпреварот меѓу Башкими и Менада, а во 12 часот во Радовиш силите ќе ги одмерат Плачковица и Билјанни Извори. За недела се кажани два натпревари. Од 12:30 часот на игралиштето во скопското Ржаничино ќе се одигра мечот меѓу дебитантот Ржаничино и повратникот Победа од Валандово, додека пак во 14 часот во Охрид ќе биде одигра натпреварот меѓу Топ Грлс и Топ Гол.



Со оглед на составот на лигата, новата сезона носи и неколку интересни приказни – од екипи со континуитет и искуство во второлигашката конкуренција, преку повратник и лански прволигаш, до четири нови имиња кои за првпат ќе се натпреваруваат на сениорско ниво.

Шампиони на Втората женска фудбалска лига по сезони:

🏆 2025/2026 – Пелистер
🏆 2024/2025 – Кочани
🏆 2023/2024 – Атлетико
🏆 2022/2023 – Топ Гол
🏆 2021/2022 – Кул Здравје



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!