Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Сподели
Сподели



Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување и прва сезонска радост.

Несреќниот пораз со Прилеп е минута, иако во тој меч со вистинска драма во финишот, Младост пропушти дури седум гола предност, а на крај загуби несреќно со гол разлика.

Младиот голман, Благој Панов, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека нема време за жалење за тој несреќен пораз и дека веќе се подготвуваат за наредните натпревари.

„Имавме несреќен пораз против екипата на Прилеп, но нема време за жалење мора да се спремаме за наредните натпревари. Младост го гледам во најубаво светло се спремаме напорно за секој натпревар и очекувам врвни резултати во наредните кола“, вели Благој Панов за Спортска Мрежа.

Панов вели дека атмосферата во тимот е фантастична, дополнување дека трибината во „Млаз“ на секој меч е полна до последното место.

„Атмосферата е одлична, сигурен сум и дека ќе ја задржиме, имаме сјајна публика, трибините се преполни имаме одлична поддршка на секој натпревар се надевам дека ќе го видиме тоа и на утрешниот ден“, дополнува голманот роден 2004 година.

Младиот ракометар на Младост очекува да одиграат квалитетен натпревар против тимот од Автокоманда.

„Алкалоид има прекрасен тим сепак тие се фаворитите на овој натпревар, но ние играме на домашен терен, очекуваме да одиграме квалитетен натпревар и да ги задоволиме сите со нашата игра“, заклучува младиот чувар на мрежата на Младост.

Натпреварот меѓу Младост и Алкалоид е закажан за сабота од 18:30 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!