Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Сподели
Сподели



Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со двата одложени натпревари во Радовиш и Тетово. И двата дуели носат голема тежина, бидејќи освоените бодови можат да предизвикаат сериозни промени на табелата.

Во Радовиш, Детонит Плачковица ќе го пречека Охрид во натпревар во кој домашниот состав ќе бара прекин на негативната серија и враќање на победничките патеки. Радовишани имаат два последователни порази, додека „рибарите“ во овој дуел влегуваат со јасна цел – да ги освојат трите бода и со победа да се вратат на врвот од табелата.

Токму затоа, притисокот ќе биде присутен и кај составот на Горан Здравков, но и кај екипата на Ромео Кочоски. Детонит Плачковица со триумф би можел да направи скок до четвртото место, но истовремено и да стави крај на серијата од два порази.

Во Тетово, односно во Јегуновце, пак, силите ќе ги одмерат Тетекс и Работнички, во уште еден дуел кој може значително да влијае врз изгледот на табелата.

„Штофарите“ со победа би се вратиле на победнички патеки и би направиле скок до шестото место, додека Работнички со триумф би имал можност да напредува до четвртата позиција.



Сепак, ситуацијата за „романтичарите“ може да стане уште поинтересна ако се земе предвид дека тимот има уште еден заостанат натпревар – домашниот дуел против Брера Струмица од петтото коло. Доколку Работнички ги освои бодовите во двата натпревари, во игра би имал вкупно шест бода, што би му отворило можност за искачување до самиот врв на второлигашката табела.

Двата натпревари се закажани за 15:30 часот, па попладневните дуели во Радовиш и Тетово ќе дадат нова слика за лидерската трка и борбата за позициите во горниот дел од табелата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!