Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна писмена согласнот | АРХИВА
Сподели



Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно не пријавија натпреварување во ниту една конкуренција, а еден екипа воопшто и нема да дебитира, иако има амбициозен план.

Слободен од Скопје и Борец од Велес нема да се натпреваруваат во сезоната 2026/2027, додека новоформираниот ЖФК Инфинити од Охрид не успеа навреме да обезбеди доволен фонд на играч (минимален) за да може да се натпреварува.

Слободен беше еден од проектите кој амбициозно влезе во женскиот фудбал, со намера да изгради стабилна екипа и да биде дел од развојот на женскиот фудбал во Скопје. Сепак, по неколку сезони, клубот нема да продолжи со натпреварување.

Слична, но во одредена мера и потешка е приказната со Борец од Велес. Станува збор за клуб со значајна историја во македонскиот женски фудбал, поранешен шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија. Борец во новата сезона нема да биде дел од натпреварувањето, па Велес останува без свој женски фудбалски претставник во Втората лига. Останува надежта дека во иднина ќе се создадат услови Борец повторно да се организира и да се врати на фудбалската карта на Македонија. Борец кој во сезона 2009/2010 беше шампион на Македонија, во истата сезона го освои и Купот на Македонија, а сега освен што нема да биде активен со сениорски тим, нема да се натпреварува ниту во младинска и кадетска конкуренција.

Дополнително, ЖФК Инфинити од Охрид нема да успее да ја започне својата приказна на теренот. Клубот беше формиран со намера да се натпреварува во Втората женска лига, но во предвидениот рок не успеа да го регистрира потребниот број на фудбалерки за да ги исполни условите за настап во сезоната 2026/2027.



Според информациите со кои располагаме, во клубот биле регистрирани 13 фудбалерки, но по неуспехот на Инфинити да обезбеди комплетен играчки кадар, дел од нив веќе започнале да бараат нови средини. Меѓу нив е и Дајана Ристовска, која во новата сезона ќе го носи дресот на Менада од Тетово.

Така, проектот на Инфинити практично згасна уште пред да го одигра својот прв официјален натпревар.

  • Осум екипи во новата сезона

И покрај згаснувањето на Слободен и Борец и неуспешниот обид на Инфинити да дебитира, Втората женска лига продолжува со осум екипи. Од составот од минатата сезона остануваат само Плачковица од Радовиш и Билјанини Извори од Охрид, додека Топ Гол од Битола се приклучува на второлигашкото друштво по испаѓањето од Првата лига.

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Во сениорската конкуренција се враќа и Победа од Велес, додека во новата сезона за првпат во Втората женска лига ќе настапат Башкими од Куманово, Менада од Тетово, Топ Грлс од Охрид и Ржаничино од Скопје.



Тоа значи дека новата сезона носи значително изменет состав на лигата, со голем број нови имиња.

Втората женска лига така ја започнува својата шеста сезона со осум екипи, четири нови имиња во натпреварувањето и еден повратник. Останува сезоната да покаже дали новите средини ќе успеат да изградат стабилни проекти и да дадат дополнителен импулс на развојот на женскиот фудбал во Македонија.

Како и во минатата сезона, првопласираниот тим обезбедува директен влез во Првата лига, а пак вториот тим игра бараж против деветтопласираниот тим од прволигашката конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!