Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го совлада Арсими во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига. Стружани одиграа две сосема различни полувремиња, а отпорот на гостите целосно беше скршен во продолжението.

Домаќинот уште од почетокот ја презеде иницијативата. Марјан Радески прв се закани, а во 22. минута Струга постигна гол по мешаница во шеснаесетникот, но по ВАР-проверка погодокот беше поништен поради офсајд. До паузата Арсими успеваше да го сочува голот, пред сè благодарение на голманот Дејан Силјановски, кој неколкупати одлично интервенираше.

Работите на теренот целосно се променија во второто полувреме. Во 57. минута Радески шутираше од далечина, а поради лизгавата топка во дождливите услови Силјановски не успеа да ја скроти и Струга поведе со 1:0.

Само неколку минути подоцна Арсими остана со десетмина, откако Мислими заработи втор жолт картон. Бројчаната предност стружани веднаш ја претворија во уште поголема доминација.

Во 67. минута Меметриза Хамза испрати одличен центаршут, а Радески со удар со глава го зголеми водството на 2:0. Само две минути подоцна Алтин Алији стрелаше за 3:0, а во 75. минута Радески повторно беше во центарот на вниманието и со прекрасен удар го комплетираше својот хет-трик.

Струга не застана ниту потоа. Во 80. минута нововлезениот Флоријан Рочи го постигна петтиот гол, додека капитенот Буњамин Шабани во 88. минута со одличен удар од далечина ги постави конечните 6:0.

Така, Струга ТЛ стигна до убедлив триумф пред репрезентативната пауза и се зацврсти на втората позиција со 17 бодови, со само два бода помалку од лидерот Шкендија.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!