Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу нив се и трите македонски претставници – бранителот на трофејот Охрид, Алкалоид и Бутел Скопје.

Последниот македонски претставник кој настапи во воведната рунда беше Тиквеш. Кавадарчани забележаа победа во реваншот против Еш, но поради поразот од првиот натпревар со три гола разлика, не успеаја да ја надоместат негативата и го завршија европскиот настап. Еш, пак, со вкупни 61-59 обезбеди место во следната фаза.

Во второто коло ќе настапат 64 екипи – 19 кои пласманот го обезбедија преку првата рунда и 45 кои беа директно пласирани. Меѓу најзвучните имиња се и пет поранешни освојувачи на трофејот: Охрид, Алкалоид, Војводина, Нербо и АЕК.

Охрид, Алкалоид и Бутел утре ќе ги дознаат своите противници. Ждрепката ќе се одржи во Виена на 22 септември со почеток во 11:00 часот, а ќе биде достапен и директен пренос преку каналот Home of Handball. При извлекувањето ќе важи правилото за заштита на националноста, односно македонските екипи нема да можат да добијат противник од Македонија.

Шеесет и четирите учесници ќе бидат распоредени во четири групи по 16 екипи, со по осум тима во првиот и вториот шешир во секоја група. Распоредот на шеширите е одреден според рангирањето на екипите.

За македонските претставници европската сезона продолжува во октомври. Првите натпревари од второто коло ќе се играат на 17 и 18 октомври, додека реваншите се закажани за 24 и 25 октомври.

Охрид, како актуелен европски шампион, ќе го започне патот кон одбраната на трофејот од второто коло, додека Алкалоид и Бутел исто така ќе го чекаат своето место во ждрепката и противниците со кои ќе се соочат во продолжението на европската авантура.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!