Ракомет

ВИДЕО: Драматично реми на Радовиш и Драчево Јуниор, Трајчевски со девет гола но Преспа загуби, радост за штипјани

Сподели
Сподели



Драматична завршница имаше натпреварот во СРЦ „25 Мај“ откако Радовиш и Драчево Јуниор ремизираа играјќи 33:33 за делба на бодовите, во рамките на 2. коло на Првата ракометна лига.

Натпреварот започна со егал борба и игра гол за гол, а во самиот финиш на првиот дел радовишани направија прва осетна разлика кога заминаа со предност од плус три при 16:13.

Во вториот дел Радовиш имаше и плус четири кога резултатот беше 24:20, а потоа Драчево Јуниор влезе во серија од четири гола за 24:24, а потоа од 26:26 гостинот го презеде водството и имаше и плус три на 28:31.

На резултат од 31:32 радовишани побараа тајм-аут, по што следуваше вистинска драма во девет секунди. Во 59:46 Стојанче Ристов погоди за 32:32, во 32:33 Александар Стојменов постигна гол за 32:33 и водство на Драчево Јуниор. На пет секунди Иванче Ончев постигна гол за 33:33, по што Драчево Јуниор организираше напад, но не реализираше, а по мечот имаше и „ВАР“ проверка, но без досудување на седмерец за гостите, па двете екипи ги поделија бодовите.

Преспа го запиша вториот пораз на стартот од сезоната откако загуби во Гевгелија од Партизан со 29:27. Натпреварот во кој тимот од градот на јаболкото постојано беше во негатива, а деветте погодоци на искусниот Томче Трајчевски не беа доволни за Преспа да го запише првиот триумф.

Кај домаќинот со осум гола се истакна Илија Пејковски, а шест имаше Горан Лисичков.

Текстилец УГД имаш два од два на стартот од новата сезона откако штипјани славеа над Македонија ЃП во гости со 34:36.

Домаќинот подобро влезе во натпреварот кога имаше предност од 8:4, а потоа работите на теренот се променија и гостинот од Штип имаше предност од пет погодоци при 10:15, а на полувреме замина со 17:19.



Во текот на второто полувреме Текстилец УГД ја одржуваше предност Македонија ЃП најблиску беше на минус гол, а потоа успеа во 53. минута и да дојде до 30:30. Самата завршница беше неизвесна, но со среќен крај за Текстилец УГД.

Со по девет гола кај домаќинот се истакнаа Бојан Чакалиќ и Михаел Тотиќ, кај гостинот Филип Џинес имаше осум гола, а Јован Величков седум.

Во однос на табелата по четири бодови имаат Пролет, Партизан и Текстилец УГД, по два бора имаат Македонија ЃП, Илинден, Овче Поле, Јехона, Драчево Јуниор, Шампион и Аеродром, по еден бод имаат Радовиш и Вардар Неготино, а без бодови по два меча се екипите на Преспа и Сокол Саса.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓуриќ: Сите сме максимално фокусирани, ќе дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите против Куманово

Атмосферата во соблекувалната на Младост е одлична, потврди Ѓорѓе Ѓуриќ пред денешниот...

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло...

Ракомет

Костов е сè уште прв стрелец во Супер лигата, а Матео Фадхуиле и Даниел Андоновски веднаш зад него!

Наум Костов од МРК Куманово е водечкиот стрелец во македонската ракометна Супер...

Ракомет

Ловро Јотиќ се враќа на терените и потпиша за Стеауа Букурешт!

Хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ има нова станица во кариерата. Искусниот 31-годишен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!