Трета лигаФудбал

Јуниор славеше над Победа од Тромеѓа во меч со пет гола

Сподели
Сподели

На воведниот меч за отварање на 2. коло на Трета лига регион 2 екипата на Јуниор од Доброшане славеше над Победа во Тромеѓа со резултат од 2:3 и тоа преку пресврт.

Домашниот тим дојде до предност откако Гоце Насковски во 28. минута го отвори резултатот за водство на Победа од 1:0. До крајот на првиот дел Андреј Димиќ постигна гол во 43. минута за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел домашниот состав уште еднаш дојде до водство кога во 47. минута Марио Димитровски постигна гол за водство од 2:1.

Веднаш следуваше и комплетен пресврт со два брзи гола на Мила Благојевиќ, откако најпрво погоди во 65. минута за 2:2, а само две минути подоцна со втор гол обезбеди пресврт на 2:3.



До крајот мрежите мируваа, па резултатот од 67. минута стана конечен за прв триумф на Јуниор, а пак Победа се соочи со првиот сезонски пораз.

Колото ќе се комплетира денес.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!