Ракомет

Алкалоид со убедлива партија до трет сезонски триумф!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Алкалоид продолжува со максимален учинок во Супер лигата. Тимот од Автокоманда го запиша и третиот триумф во новата сезона, откако на домашен терен убедливо го совлада Куманово со 37-21.

Гостите успеаја да парираат само во почетниот период, по што домаќинот постепено ја презеде контролата врз натпреварот. Алкалоид на паузата веќе имаше комотна предност од седум гола, 16-9, а во продолжението разликата продолжи да расте.

ФОТО: РК Алкалоид

Составот предводен од Кирил Лазаров имаше повеќе расположени ракометари и без поголеми проблеми го одржуваше темпото. Куманово не успеа да најде решение за играта на домаќинот, па во завршницата остана само да се потврди конечниот епилог.

ФОТО: РК Алкалоид
ФОТО: РК Алкалоид

Дамјан Митев беше прв стрелец кај Алкалоид со шест погодоци, додека Монси Тодарсон, Филип Николов и Александар Петковски постигнаа по пет. Кај Куманово, Наум Костов повторно беше најпрецизен, овојпат со девет гола.

ФОТО: РК Алкалоид

Со трите победи од исто толку натпревари, Алкалоид останува со максимален ефект по воведните три кола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!