Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 со голема победа над Мулти Есенс

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 стигна до првите суперлигашки бодови оваа сезона, откако во драматичен натпревар  го совлада Мулти Есенс со 30-29.

Дуелот донесе неизвесност до самиот финиш, а битолскиот состав во клучните моменти покажа поголема концентрација и успеа да го задржи минималното водство за значаен триумф.

Мулти Есенс, кој по враќањето во најсилната македонска конкуренција сезонава настапува со млад состав, имаше свои моменти и се покажа како сериозен противник, но на крајот остана без награда за прикажаното.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Кристијан Симоновски беше најрасположен кај Еурофарм Пелистер 2 со осум погодоци, додека Давид Димевски натпреварот го заврши со седум. Во домашниот состав, Давид Трајковски постигна шест гола, а голманот Стефан Јорданов забележа десет одбрани.

За битолчани ова е прв триумф по воведните натпревари од сезоната, додека Мулти Есенс останува без бодови по три одиграни кола.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!