Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели



Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници на локалната самоуправа и на ФК Башкими, денеска изврши увид во градежните активности со кои започнува целосната реконструкција на фудбалскиот терен кај стадионот на ФК Башкими во Куманово.

Со реконструкцијата, постојниот фудбалски терен на површина од 4.000 квадратни метри ќе биде целосно обновен и уреден, со што фудбалерите ќе добијат значително подобри услови за тренинг, а клубот современа спортска инфраструктура за секојдневна работа и развој на младите категории.

Проектот предвидува целосно нивелирање и подготовка на земјената подлога, поставување нова природна трева, изградба на надворешен хидрантски систем, поставување комплетно нова ограда и нови голови. По целата должина на теренот ќе биде изградена и трибина.

ФОТО: Министерство за спорт

Министерот Ристовски истакна дека инвестициите во спортската инфраструктура се еден од клучните предуслови за развој на спортот и создавање подобри услови за клубовите, спортистите и младите.

„Повеќе од десетина години на овие луѓе им е ветувано дека овој фудбалски стадион ќе се реконструира, но досега тоа не било реализирано. Ние стоиме на зборот што го дадовме пред неколку месеци и еве сега го исполнуваме. Со ова уште еднаш покажуваме дека Министерството за спорт и Владата генерало, секогаш стојат на своите ветувања. Ова е едно од тие ветувања и не застануваме тука. Фудбалскиот стадион што го користи ФК Башкими за брзо време ќе добие нов изглед. Со целосната реконструкција на овој терен, ФК Башкими ќе добие современ простор за тренинг и развој на своите фудбалери“ – рече Ристовски.

Министерот за спорт упати порака да се чуваат и одговорно да се користат овие терени и сите спортски објекти што ги прави државата за тие да останат што подолго во функција.

ФОТО: Министерство за спорт

„Ова е подобрување не само на спортскиот дел, туку има и социјален момент бидејќи овде тренираат и деца и низ спортот се создаваат вредности коишто ги градат како личности. Како Министерство за спорт и Влада вложуваме многу средства во капитални инвестиции затоа што сметаме дека создавањето услови е најважното нешто што може да го дадете на својот народ и на сите оние што се занимаваат со спорт“ – истакна Ристовски.

Со реализацијата на овој проект во рамките на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортскита инфраструктура низ целата држава, уште еден постоечки спортски капацитет ќе биде целосно обновен и ставен во функција на клубот, фудбалерите и развојот на фудбалот.



Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!