Ракомет

Паунков: Мора да го оставиме овој несреќен пораз од Прилеп зад нас, против Вардар да покажеме добра игра

Сподели
Сподели

Младост испушти победа од раце против Прилеп на домашен терен, од плус седум гола предност до пораз со еден разлика, во неверојатниот натпревар од 2. коло на ракометната Супер лигата.

Натпреварот веќе е минато, фокусот мора да биде ставен на следниот меч, а повратникот во ракометната елита ќе треба да ја бара првата сезонска победа.

Искусниот голман Горан Паунков, во изјава за Спортска Мрежа вели дека поразот боли, но тој несреќен пораз е за нив и фокусот е на идните натпревари.

„Пораз кој боли, од добиен натпревар на крајот гостите беа тие што се радуваа на бодовите. Но, тоа е спортот мора да го оставиме овој несреќен пораз зад нас и да се фокусираме на идните натпревари, РК Младост покажа во првите две кола дека има квалитет и дека ќе се надигрува со сите противници, се надеваме дека во наредните натпревари среќата ќе биде на наша страна“, изјави Горан Паунков во изјава за Спортска Мрежа.



Паунков смета дека Вардар во Богданци може да дојде во комбиниран состав, но како што вели сепак Вардар е бренд.

„Следниот противник ни е двократниот европски шампион Вардар, екипа која е фокусирана во освојување бодови во лигата на шампионите, мислам дека ќе дојдат во комбиниран состав, но сепак Вардар е бренд, се надевам побргу ќе го заборавиме натпреварот со Прилеп и ќе прикажеме добра игра против шампионот“, вели искусниот голман за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Младост и Вардар се игра во салата „Млаз“ во Богданци, сабота од 18 часот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!