Ракомет

Јагуриновски пред Бутел: „Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен“  

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По убедливата победа над Струга во Езерското дерби на „Билјанини Извори“, Охрид продолжува со настапите во Супер лигата. „Гладијаторите“ во третото коло ги очекува гостување кај Бутел, каде во сабота (19.09) од 17:00 часот во салата „Антон Димитров“ ќе бараат нови бодови.

Охриѓани во Скопје ќе се соочат со млада и амбициозна екипа која во натпреварот сигурно ќе влезе со голема мотивација и енергија. Томислав Јагуриновски смета дека Охрид ја има фаворитската улога, но нагласува дека тоа треба да се потврди со сериозен пристап, концентрација и одговорна игра во текот на сите 60 минути.

„Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енергија. Ние сме фаворити и тоа мора да го покажеме на терен, со сериозен пристап и максимална концентрација од почеток до крај. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе се вратиме со победа.“- изјави Јагуриновски.

ФОТО: ГРК Охрид

По две кола, Охрид ќе се обиде да го продолжи позитивниот почеток на сезоната и со победа да се врати од гостувањето во Скопје. Мечот Бутел – Охрид се игра в сабота од 17:00 часот во салата „Антон Димитров“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!