Ракомет

Димовски пред европскиот двомеч: „Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!“

Сподели
ФОТО: ГРК Тиквеш
Сподели

Ракометарите на Тиквеш се подготвуваат за европскиот предизвик против Handball Esch од Луксембург во рамки на првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани ги очекува двомеч на домашен терен, со натпревари на 19 и 20 септември во спортската сала „Јасмин“, со почеток од 18:00 часот.

По успешниот старт во домашното првенство, Тиквеш со дополнителна самодоверба влегува во европските натпревари, но свесен дека противникот ќе бара максимален ангажман во сите 120 минути. За атмосферата и поддршката од трибините се очекува повторно да бидат важен дел од европските вечери во Кавадарци.

Пред двомечот, Мартин Димовски ја истакна сериозноста на предизвикот и нагласи дека екипата мора да остане максимално концентрирана и дисциплинирана во текот на двата натпревари. Тој посочи дека подготовките се одвиваат во добра атмосфера, а вербата во тимот и заедништвото се едни од главните адути на Тиквеш.

„Нè очекува тежок и важен европски двомеч против квалитетен противник. Свесни сме дека во текот на двата натпревари, односно сите 120 минути, мора да бидеме максимално концентрирани, дисциплинирани и да го дадеме најдоброто од себе. Добро се подготвувавме, веруваме во нашите квалитети, во тимскиот дух и во она што оваа екипа може да го покаже на теренот. Ќе дадеме сè од себе, со голема борбеност, дисциплина и огромна желба за победа. Но, за вакви натпревари ни е потребен и нашиот осми играч – нашата публика. Затоа, ги повикувам сите кавадарчани овој викенд да бидат со нас. Да ја исполниме салата „Јасмин“ до последното место, да направиме атмосфера по која Кавадарци е препознатлив и уште еднаш да покажеме како нашиот град живее за ракометот. Ние ќе го оставиме срцето на теренот, а од трибините нека грми цело Кавадарци!”- порача Димовски.

ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски”- Прилеп/ Motion Media

Тиквеш и Handball Esch ќе ги одиграат двата натпревари во „Јасмин“, а кавадарчани очекуваат силна поддршка од трибините во обид со позитивен резултат да го започнат европскиот пат. Пораката од Димовски е јасна – играчите ќе го дадат максимумот на теренот, а од „осмиот играч“ се очекува „Јасмин“ да биде исполнет и Кавадарци повторно да живее за ракометот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!