ИнтернационалциФудбал

Познати судиите за првиот предизвик на Брера Струмица во младинската Лига на шампиони

Сподели
Сподели

Младинскиот шампион на Македонија, Брера Струмица, денес го започнува европскиот предизвик во младинската Лига на шампиони. Од 18:00 часот на Националниот стадион во „Андора ла Вела“, Андора, ќе се одигра првиот натпревар од двомечот против Санта Колома.

Во пресрет на дуелот позната е и судиската екипа која ќе ја дели правдата на првиот меч. Главен судија ќе биде Лоик Томас од Луксембург, додека негови помошници ќе бидат Рафаел Морим и Армин Кехоњиќ, исто така од Луксембург. Четврти судија ќе биде Антоан Кјарамонти од Андора.

За Брера Струмица ова претставува ново меѓународно искуство откако струмичкиот клуб стигна до титулата во младинското првенство на Македонија без пораз. Со освоената шампионска титула, младинците на Брера обезбедија настап во Лигата на шампионите и сега ги очекува двомечот со Санта Колома. Струмичани во последните три години, двапати настапуваат во Лигата на шампиони.

Првиот натпревар е закажан за денес од 18:00 часот во Андора, додека реваншот ќе се одигра на домашен терен во Струмица на 14 октомври.



Струмичани ќе се обидат уште на првиот меч да создадат добра основа пред реваншот и на европска сцена да го потврдат квалитетот со кој без пораз стигнаа до младинската шампионска титула во Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!