Ракомет

Симиќ пред европскиот двомеч: „Во Кавадарци, во нашата сала и пред ‘Лозари’, ние се прашуваме за сè!“

Сподели
ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски"- Прилеп/Motion Media
Сподели

Ракометарите на Тиквеш го продолжуваат европскиот пат со двомеч против Handball Esch од Луксембург во првото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани ќе имаат предност на домашен терен, бидејќи двата натпревари ќе се одиграат во спортската сала „Јасмин“ на 19 и 20 септември, со почеток од 18:00 часот.

За Тиквеш, ова ќе биде четврта последователна сезона во ЕХФ Купот, а тимот влегува во европскиот предизвик по одличниот старт во домашното првенство. Од друга страна, Handball Esch е искусен европски состав со долгогодишно присуство на меѓународната сцена, а во изминатата сезона во ЕХФ Купот стигна до второто коло.

Пред двомечот, Страхиња Симиќ ја истакна важноста на континуитетот на клубот на европската сцена, но и добрата атмосфера во екипата по успешниот почеток на сезоната. Тој посебно го нагласува потенцијалот на младата екипа и важноста од поддршката од трибините.

„Четврта последователна сезона сме дел од ЕХФ Европскиот Куп, и тоа само по себе, доволно говори за резултатите што ги имаме постигнато во изминатите години. По одличниот старт во домашното првенство, сигурно е дека самодовербата на екипата е на едно добро ниво и така мора да продолжиме и понатаму. Имаме млада и талентирана екипа, која уште на првиот натпревар пред домашната публика покажа голем жар, борбеност и желба. Мислам дека тоа е најубавата покана за сите наши верни навивачи и симпатизери на клубот да дојдат овој викенд во салата „Јасмин“, да ја исполнат до последното место и уште еднаш од Кавадарци да испратиме вистинска и убава ракометна слика. Нè очекува тежок и неизвесен двомеч, но во Кавадарци, во нашата сала и пред нашите браќа – „Лозари“, ние се прашуваме за сè!“- изјави Симиќ.

ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски”- Прилеп/ Motion Media

Тиквеш ќе се обиде домашниот терен и поддршката од кавадаречката публика да ги претвори во дополнителен импулс во пресрет на двата европски натпревари. „Јасмин“ на 19 и 20 септември ќе биде центарот на европските ракометни случувања во Кавадарци, а Симиќ испрати јасна порака до навивачите да бидат дел од новиот европски предизвик на Тиквеш.

ФОТО: Меморијален турнир ,,Миле Нешкоски”- Прилеп/Motion Media

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!