Фудбал

Клубовите од РФС Еден – Скопје добија донација на спортска и техничка опрема од страна на ФФМ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во рамки на иницијативата на Регионалниот фудбалски сојуз Еден – Скопје, вчера беше доделена значајна спортска и техничка опрема за фудбалските клубови од регионот.

Клубовите добија вкупно 1.000 комплети тренерки, 400 дресови и 680 фудбалски топки, како и техничка опрема во вид на 40 лаптоп-компјутери и принтери. Дополнително, обезбедени се и косилка и тримери за потребите на клубовите.

Иницијативата е реализирана со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија и општините Илинден, Гази Баба и Петровец.

ФОТО: ФФМ

На настанот присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претседателот на Регионалниот фудбалски сојуз Еден – Скопје, Дарко Костовски, како и градоначалниците на Илинден, Гази Баба и Петровец, Александар Георгиевски, Бобан Стефковски и Борче Митевски

Спортската опрема е наменета за ЖФК Ржаничино, ФК Фортуна, ФК Аеродром, ФК Марино, ФК Илинден, ФК Гоце Делчев, ФК Маџари Солидарност, ФК Долно Коњари и ФК Петровец.

Фудбалот почнува од клубовите и од луѓето кои секојдневно работат со децата. Затоа нашата поддршка мора да биде конкретна и насочена таму каде што е најпотребна. Силните региони значат силни клубови, а силните клубови се основата за иднината на македонскиот фудбал. Ова е токму начинот на кој сакаме да го градиме фудбалот, со партнерство и со инвестиции кои директно стигнуваат до теренот. Многу значи и поддршката што клубовите и екипите од регионот ја добиваат и од локалната самоуправа, ние сме благодарни за тоа“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омераѓиќ.

Претседателот на РФС Еден – Скопје, Дарко Костовски, истакна дека поддршката за клубовите е приоритет на регионалниот сојуз.

„Нашата цел е клубовите да почувствуваат дека имаат вистинска поддршка и дека не се сами во работата која ја вршат. Оваа опрема е практична помош, но и порака дека вложувањето во клубовите, особено во младите категории, мора да биде континуирано. Благодарност до ФФМ и до општините кои го препознаа значењето на оваа иницијатива. Кога сите работиме заедно, најголема корист има фудбалот“, изјави Костовски.

Иницијативата е уште еден чекор кон подобрување на условите за работа на клубовите и создавање подобра средина за развој на младите фудбалери во регионот.

ФОТО:ФФМ

Градоначалниците на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, и Општина Петровец, Борче Митевски, ја истакнаа важноста од континуираната поддршка за локалните фудбалски клубови и младите спортисти, нагласувајќи дека вложувањето во спортот е вложување во здрави и активни генерации.

„Кога вложуваме во спортот, вложуваме во нашите деца и во иднината на заедницата. Клубовите се место каде што младите не само што учат да играат фудбал, туку учат на дисциплина, тимска работа, одговорност и почит. Затоа поддршката мора да биде конкретна и континуирана. Денешната иницијатива е убав пример како со заедничка работа на ФФМ, регионалниот сојуз, општините и клубовите можеме да создадеме подобри услови и повеќе можности за младите да бидат на терен. Нашата порака е јасна, спортот заслужува поддршка, а фудбалот заслужува уште повеќе деца на терените“, истакнаа првите луѓе на општините Илинден, Гази Баба и Петровец. 

Целта кон која заеднички се стремиме е едноставна, повеќе деца на терен, подобри услови за клубовите и посилна база за иднината на македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!