РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Од 10 септември во продажба билетите за Македонија – Швајцарија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите дека од 10 септември (четврток) ќе започне продажбата на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија, кој ќе се одигра на 26 септември (сабота) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Цената на билетите ќе се движи од 500 до 1.800 денари, во зависност од блокот и позицијата на трибините, додека ВИП билетот ќе чини 3.000 денари.

Деталниот распоред на цените и достапните места по блокови ќе биде прикажан на мапата на Националната арена „Тодор Проески“. Билетите ќе можат да се набават преку официјалната електронска платформа на ФФМ – eticket.ffm.mk.

Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, Македонија ќе одигра уште еден натпревар на гостински терен. Нашата репрезентација на 29 септември ќе и гостува на Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, а продажбата на билетите за овој натпревар ќе започне на 14 септември.

Дополнително, ФФМ најави дека наскоро ќе ги објави и деталите за продажбата на билетите за останатите натпревари – Македонија – Шкотска, кој е закажан за 3 октомври, како и Швајцарија – Македонија, кој ќе се одигра на 6 октомври во Луцерн.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!