Трета лигаФудбал

Во Дојран се одржа семинар за фудбалски судии, делегати и контролори во Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес во Дојран се одржа еднодневен семинар наменет за фудбалските судии, делегати и контролори во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Семинарот се организира за поголема подготвеност пред стартот на новата натпреварувачка сезона 2024/2025.

Првиот дел кој се одржа во „хотел Истатов“ беше спроведено полагање на тестови за судиите од овој третолигашки регион, а потоа судиите заминаа на тестови за физичка подготовеност на Градскиот стадион во Дојран. Судиите успешно ги поминаа како тестовите, така и тестовите за физичка подготвеност.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во вториот дел од овој семинар беше спроведено стучно-едукативно предавање за правилата на фудбалската игра од страна на Марјна Кировски и Драган Стојановски од Фудбалската федерација на Македонија.

Ваквите семинари кои се спроведуваат имаат за цел поголема подготвеност на судиите, делегатите и контролорите пред стартот на новата натпреварувачка сезона која треба да започне следниот викенд односно на 15. септември.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Одличен семинар преку кои се води грижа за максимална подготвеност на судиите, делегатите и контролорите.

Во новата сезона учество ќе земаат десет екипи, а во рамки на првото коло Брегалница Делчево ќе патува во Струмица кај Тиверија, во Берово соочување на Малеш и Слога Виница, Карбинци ќе биде домаќин на Ударник од Пирава, Овче Поле ќе биде домаќин на новајлијата Светлост од Зрновци, а пак Хоризонт Турново ќе патува во Дојран кај Дојранско Езеро.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Еуромилк ГЛ. Двата погодоци за...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој по 90 минути заврши со поделба на бодовите – 2-2. И...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!