Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот на новата сезона, истакнувајќи дека битолскиот клуб има големо реноме во македонската кошарка.

„Пелистер е клуб со реноме. Уште од моите младински денови брендот значеше многу во македонската кошарка. Битола е еден од најубавите градови во Македонија и овој проект веднаш ми се допадна. Акцентот ќе биде ставен на младите македонски кошаркари, со само тројца странци. Верувам дека ќе имаме добра средина за работа, млада енергија и се надевам дека ќе играме убава кошарка за публиката“, изјави Спасев.

Тренерот откри и дека Пелистер во подготвителниот период ќе одигра неколку контролни натпревари против македонски екипи.

„Ќе играме пријателски натпревари само со македонски екипи, а првиот веќе е закажан за 4 септември. Ќе настапиме и на меморијалниот турнир во Битола. Горе-долу ќе имаме можност да се тестираме против речиси сите екипи од лигата“, додаде Спасев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Кошарка

КК Гостивар се засили со Таулант Ибраими – Љанти

КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот...

Кошарка

Димитриев: Со максимална работа и фокус можеме до успешна сезона

Кошаркарот на КК Пелистер, Благој Димитриев, верува дека новиот состав има потенцијал...

Кошарка

Гевгеличанецот Александар Колев ново име во ростерот на КК Кожув

КК Кожув Гевгелија продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а...

Кошарка

Тери Армстронг е новото засилување на КК Кожув

КК Кожув Гевгелија го официјализираше ангажманот на американскиот бек/крило Тери Армстронг, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!