Прва женска фудбалска лигаФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Сподели
Сподели



Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за новата сезона, а најново засилување е турската фудбалерка Селин Туркоглу.

Туркоглу пристигнува од турскиот шампионат и игра во средниот ред. 24-годишната фудбалерка има настапувано за младинските селекции на Турција, а во својата кариера двапати ја освојувала шампионската титула во Турција.

Во досегашната кариера, Туркоглу настапувала за турските клубови Карадениз Ереглиспор, АЛГ Спор, АББ Фомгет СК и Хајмана СК.

Каменица Саса во пресрет на новата сезона гради сериозен состав со кој ќе атакува на шампионската титула. Претходно во тимот се врати бугарската репрезентативка Антонина Шопска, додека беше промовирана и црногорската интернационалка Анџела Савовиќ.



Новата сезона во Првата женска фудбалска лига Каменица Саса ќе ја започне на гостински терен против Љуботен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше со максимални 3:0 над Вардар ЕМ. Освојувачот на Супер купот одлично...

Ракомет

Илиќ: Публиката во Богданци е нашиот осми играч, против Пелистер 2 очекувам машки натпревар, целта е прва победа

Младост во сабота во салата „Млаз“ во Богданци ќе ја бара првата сезонска победа во шестото коло на Суперлигата против Еурофарм Пелистер 2...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!