Ракомет

Срдановиќ: „Сметам дека овој натпревар не е вистинската слика за нас“

Сподели
ФОТО: Tournament Krste Andonovski | Денис Дукоски
Сподели



ГРК Охрид продолжува со победнички чекори на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а во исто време запиша и нов триумф во Регионалната лига. Македонскиот претставник, на домашен терен во „Билјанини извори“ убедливо ја совлада Војводина со 29-19, во натпревар во кој „гладијаторите“ уште еднаш покажаа дека се наоѓаат во одличен ритам на стартот од новата сезона.

Охриѓани имаа контрола над натпреварот во најголемиот дел од средбата, а иако Војводина во првото полувреме успеваше да одржува резултатски приклучок, домаќинот во финишот на првиот дел направи серија од 3-0 и на пауза замина со предност од 13-9. Во второто полувреме Охрид продолжи во ист стил, ја зголемуваше предноста и во еден момент стигна до +10, а гостите немаа сили за ново враќање. Српскиот тим успеа да намали на 22-18, но следуваше неверојатна серија од седум гола на Охрид за конечни 29-19.

По натпреварот, ракометарот на Војводина, Марко Срдановиќ, во изјава за Спортска Мрежа, посочи дека густиот распоред и заморот имале големо влијание врз изданието на неговиот тим. Според него, ова не била вистинската слика за квалитетот на Војводина, која во краток период одиграла повеќе натпревари.

„Па, генерално, ова е нашиот втор натпревар во Регионалната лига, но е трет по ред заедно со овие натпревари во Охрид. Така што овој распоред е многу  напорен и тежок за сите нас. Сметам дека овој меч не е вистинската слика за нас, сепак е подготвителен период, дојдовме изморени во секоја смисла, и физички и психички. Првиот натпревар беше против еден силен противник- шампионот Вардар, така што тука, ајде да кажам, дадовме можеби некоја подобра слика за нас, но не и она што може да се очекува од нас. Така што, тоа засега би било некој прв впечаток што се однесува до Регионалната лига.“- изјави Срдановиќ за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Во победата на Охрид голема улога имаше и хрватскиот голман Дино Славиќ, кој имаше свој ден и беше една од клучните фигури на натпреварот. Славиќ запиша дури 17 одбрани, од кои три беа при удари од седум метри, со што во голема мера им го отежна патот на гостите до голот.



Охрид на овој начин продолжува со позитивниот старт на турнирот „Крсте Андоновски“ и во новата Регионална лига, додека Војводина по натпреварот останува со впечаток дека тешкиот распоред и натрупаниот ритам оставиле трага врз нејзиното издание во Охрид.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!