Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Сподели
Сподели

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.

Шесте екипи ќе бидат поделени во две групи со по три екипи. Во групата 1 ќе бидат екипите на Прилеп, Мулти Есенс и Младост од Богданци, а пак во групата 2 ќе бидат сместени екипите на Бутел, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.

За денес се предвидени два натпревари. Во 18 часот Бутел ќе игра против Тиквеш, а од 20 часот Прилеп против Мулти Есенс.

За утре на програмата ќе бидат исто така два натпревари во истите термини. Од 18 часот Тиквеш на мегдан против Еурофарм Пелистер 2, а пак Прилеп против Младост Богданци од 21 часот.

Во сабота (22 август) од 18 часот ќе се соочат Еурофарм Пелистер 2 против Бутел, а од 20 часот Мулти Есенс ќе се соочи со Младост од Богданци.



За 23 август (недела) ќе се одиграат трите натпревари за конечен пласман на турнирот. Во 16 часот ќе се игра мечот за петто место, од 18 часот ќе се игра мечот за трето место, а од 20 часот е големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!