Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

Сподели
Сподели



ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19 и стигна до вториот триумф на турнирот.

Охриѓани одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, кога целосно го презедоа контролата врз случувањата на теренот и направија двоцифрена разлика. Воедно, ова беше и прва победа за „гладијаторите“ во новоформираната Регионална лига.

Во првото полувреме Војводина успеваше да му парира на домашниот состав. Охрид имаше контрола врз резултатот, но гостите не дозволуваа сериозно одлепување. Во финишот избраниците на Борис Ројевиќ го подигнаа ритамот и стигнаа до предност од 12-8, а со голот на Дарко Ѓукиќ од слободен удар по истекот на времето, на пауза заминаа со комотни пет гола предност.

На стартот на вториот дел домашниот тим стави точка на сите дилеми. Охрид направи серија и за кратко време ја зголеми предноста на осум гола (18-10), а Војводина веќе немаше одговор на играта на „гладијаторите“.

Во продолжението охриѓани рутински го контролираа резултатот, а тренерот Ројевиќ им даде можност на поголем дел од ракометарите да добијат минутажа. Особено се истакна голманот Дино Славиќ, кој имаше одлична партија со 17 интервенции.

Во нападот најефикасни беа Мате и Иванковиќ со по пет погодоци, додека домашната одбрана во вториот дел беше клучот за убедливиот триумф.

Со новите два бода Охрид стигна до вкупно четири во групата А, колку што има и Загреб. Токму против хрватскиот тим охриѓани ќе го одиграат следниот меч, кој ќе биде директна битка за првото место и пласман во финалето на турнирот.



Охрид утре ќе биде слободен, додека Војводина во петок ќе се соочи со У20 селекцијата на Египет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет,...

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ...

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона,...

Ракомет

Неверојатна драма во „Билјанини Извори“: Еурофарм Пелистер во самиот финиш до бод против Охрид

Без победник заврши драмата меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер откако двете екипи...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!