Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по шест месеци поминати во Шведска повторно ќе го облече зелено-белиот дрес.

Вилсон во првата половина од сезоната во дресот на Содертаље имаше просек од 11,8 поени, 5,4 асистенции и 4,9 скокови по натпревар.

Американецот има искуство и од македонската кошарка, со оглед на тоа што покрај Пелистер, настапуваше и за Кожув. Пред ангажманите во Македонија, Вилсон играше во Полска, каде што со просек од 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим.

Во својата кариера настапуваше и во првенствата на Романија, Шведска, Албанија и Босна и Херцеговина.

Вилсон деновиве ќе пристигне во Битола и ќе се приклучи на своите нови соиграчи

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Кошарка

КК Гостивар се засили со Таулант Ибраими – Љанти

КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот...

Кошарка

Димитриев: Со максимална работа и фокус можеме до успешна сезона

Кошаркарот на КК Пелистер, Благој Димитриев, верува дека новиот состав има потенцијал...

Кошарка

Гевгеличанецот Александар Колев ново име во ростерот на КК Кожув

КК Кожув Гевгелија продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а...

Кошарка

Тери Армстронг е новото засилување на КК Кожув

КК Кожув Гевгелија го официјализираше ангажманот на американскиот бек/крило Тери Армстронг, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!