ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Сподели
ФОТО: doriev lupce/ instagram
Сподели

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во дресот на Согдиана и е меѓу најдобрите стрелци во узбекистанското првенство.

30-годишниот офанзивец повторно се запиша во листата на стрелците на вчерашниот натпревар против Кизилкум, на кој Согдиана славеше со 2:1.

Дориев го отвори резултатот во 39. минута со прекрасен погодок, продолжувајќи ја својата одлична голгетерска серија. Со своите настапи и голови, македонскиот фудбалер се наметна како еден од клучните играчи на Согдиана, но и како еден од најдобрите стрелци во најсилната фудбалска конкуренција во Узбекистан.

Неговиот погодок беше од големо значење за Согдиана, која до крајот успеа да ја зачува предноста и да стигне до нова победа.

Дориев со своите одлични партии продолжува да го привлекува вниманието во Узбекистан, а неговата голгетерска форма е уште еден доказ за квалитетот кој го поседува македонскиот репрезентативец.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!