Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Сподели
ФОТО: ТФТ Скопје
Сподели

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи Цветковски.

Само на 18 години, Цветковски веќе остави сериозна трага на младинската репрезентативна сцена. На Европското првенство до 18 години постигнуваше просечно 17,3 поени, со одлични 45 проценти реализација за три поени, што му донесе место меѓу најдобрите стрелци на шампионатот и во поширокиот круг кандидати за МВП признанието.

Одлични настапи имаше и во домашното првенство до 18 години. На Ф4 турнирот со екипата на Вибас од Скопје, во полуфиналето постигна 30 поени, додека во финалето против Вардар блесна со неверојатни 39 поени и 11 скока, за индекс на успешност од 41.

Со ангажманот на Цветковски, ТФТ го обединува бековскиот тандем на македонската репрезентација до 18 години, откако во тимот пристигна и Григориј Ѓорѓевиќ.

Овој потег уште еднаш ја потврдува определбата на ТФТ за развој на младите кошаркари, инвестиција во македонскиот талент и создавање тим со перспектива за иднината.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!