Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027, а во рамките на активностите го најави и Редовниот годишен семинар за судии и делегати.

Семинарот ќе се одржи на 3 и 4 октомври во хотелот „Романтик“ во Велес и е задолжителен за сите активни судии и делегати.

Главната цел е унапредување на стручната подготвеност, усогласување со актуелните одбојкарски правила, размена на искуства, како и спроведување на задолжителното тестирање за активните судии и делегати.

Деталната агенда, имињата на предавачите и програмата ќе бидат дополнително објавени, а се очекува семинарот да опфати повеќе стручни предавања на различни теми.

Во пресрет на семинарот, Судиската организација, следејќи ја позитивната практика од минатата година, упатува и отворен повик до сите заинтересирани лица кои имаат желба и интерес да започнат судиска кариера.

Целта е проширување и унапредување на судиските капацитети, вклучување на млади судии и обезбедување континуиран и квалитетен развој на Судиската организација при ОФМ.

ФОТО: ОФМ

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!