Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна настапот на петтото издание на турнирот. Избраниците на Борис Ројевиќ со 31-27 славеа над младата репрезентација на Египет, во натпревар во кој стратегот на охриѓани им даде шанса на поголем дел од ракометарите.

По натпреварот, голманот Бојан Блажески истакна дека заморот од претходните натпревари во Струга бил забележлив, но најважно било што екипата стигнала до победата. Воедно, тој посочи дека големата ротација им овозможила на сите ракометари да добијат минутажа.

„Беше тежок натпревар, во кој, мислам дека малку заморот дојде до израз, поради натпреварите што ги имавме во Струга, меѓутоа на крајот успеавме да оствариме победа. Имаше доста ротација во екипата, сите играчи добија минутажа.“

ФОТО: ГРК Охрид

По победничкиот старт, Охрид веќе го очекува далеку посериозен предизвик. Блажески потенцира дека утрешниот дуел со Војводина ќе има двојно значење, бидејќи исходот ќе биде важен и за турнирот „Крсте Андоновски“ и за Регионалната лига. Затоа, охриѓани ќе мораат добро да се одморат, да го анализираат противникот и максимално да се подготват за натпреварот.

„Сега ни следи еден многу тежок натпревар со екипата на Војводина, кој има две значења- резултатот е важен како за турнирот, така и за Регионалната лига..така што сега треба да се одмориме , да анализираме и да се подготвиме за утрешниот меч.“- изјави Блажески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со победата над Египет направи важен чекор кон успешен настап пред домашната публика, но вистинскиот тест следи веќе утре. Против Војводина ќе се бара нова победа, овојпат со дополнителен влог поради бодовите во Регионалната лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по...

Ракомет

Вардар ослабен пред стартот во ЛШ: Урош Митровиќ ги пропушта првите четири меча

Вардар со кадровски хендикеп ќе ја отвори новата сезона во Лигата на...

Ракомет

Гогов: „Овој тим има голем потенцијал, но мора уште многу да работиме“

По пет години пауза, Вардар повторно се враќа во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Вардар повторно меѓу европската елита: Мелсунген прв предизвик во Лигата на шампионите!

По пауза од пет години, Вардар повторно ќе биде дел од најелитното...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!