Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот Каменица Саса ја промовираше Црногорката Анџела Савовиќ

Сподели
Сподели

Прволигашот Каменица Саса ја претстави Црногорката Анџела Савовиќ како најново засилување за предизвиците во сезона 2026/2027 во Првата женска фудбалска лига.

22-годишната фудбалерка доаѓа од хрватскиот шампионат каде настапуваше за екипата на Сплит, а за Савовиќ ова е враќање во македонскиот фудбал, бидејќи во период од септември до ноември 2025 година настапуваше за Вардар.

Во првата женска фудбалска лига новата „рударка“ има осум настапи во дресот на Вардар.

„Анџи игра одлично по бековските позиции, се одликува со својата брзина, борбеност и агресивност со што добиваме силно засилување кое ни додава мотивација за високи цели и нови успеси! Со среќа Анџи, заедно до титула“, велат од ЖФК Каменица Саса.



Низ кариерата Саоввиќ настапуваше за Будуќност, Младост и Брезница.

Новата сезона Каменица Саса ја отвара против Љуботен во Тетово, во дуел на два поранешни шампиони.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!