Трета лигаФудбал

ФОТО: По 30 години се врати фудбалот во Крива Паланка – на Градскиот стадион одигра пријателски меч

Сподели
Сподели



Денес на Градскиот стадион во Крива Паланка се одигра пријателски натпревар меѓу Академија Осогово 2022 и Кул од Скопје, во рамки на летните подготовки за новата сезона, а со тоа по 30 години се врати сениорскиот фудбал.

Фудбалска енергија која недостасуваше цели три децении, 30 години жителите на Крива Паланка немаа свои клуб во сениорски фудбал за кого да навиваат, но од денес Крива Паланка е на фудбалската карта на Македонија.

ФК Академија Осогово 2022 во новата сезона ќе се натпреварува во Трета лига регион 2.

„Денес пишуваме нова фудбалска спортска историја на Крива Паланка. По цели 30 години нашиот град повторно има сениорски фудбалски клуб и по 30 годни Крива Паланка се враќа на фудбалската мапа во Македонија. Она што го ветивме, тоа го и остваруваме. Академија Осогово 2022 од оваа сезона ќе ги брани боите и името на Крива Паланка во Третата македонска фудбалска лига. На овие момци сакам да им порачам: „Играјте со срце. Борете се за овој дрес и со гордост носете го името на Крива Паланка“. А, до моите Кривопаланчени имам една порака, да застанеме зад нашиот клуб, да ги наполниме спортските трибините да бидеме нивниот дванаесетти играч и повторно да ја вратиме вистинската фудбалска атмосфера во нашиот град. Затоа што по триесет години фудбалот се враќа повторно дома, тука во Крива Паланка. За нови спортски успеси, за спортски пбоеди и триумфи за нашата најубава Крива Паланка“, вели градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

По 30 години на Градскиот стадион во Крива Паланка ќе се игра сениорскиот фудбал, а градот ќе навива за својот миленик – ФК Академија Осогово 2022.



Натпреварот заврши со триумф од 5:2 за екипата од Крива Паланка.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!