ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Братство Љубин со ново раководство и големи амбиции: Целта е пласман во Трета лига!

Сподели
Сподели



ФК Братство Љубин со големи амбиции влегува во сезоната 2026/27, која треба да донесе нова енергија и ново поглавје во историјата на клубот.

Љубинчани во новата сезона ќе настапуваат во Општинската фудбалска лига – Скопје, но амбициите се многу поголеми. Клубот добива ново раководство, нови играчи и екипа која во изминатиот период активно се подготвуваше за предизвиците што следуваат.

Главната цел е јасно поставена – борба за пласман во повисок ранг и обезбедување место во Третата македонска фудбалска лига.

За остварување на оваа цел ќе биде потребно многу работа, дисциплина, единство и максимален ангажман од сите структури во клубот. Токму затоа, раководството на Братство Љубин во изминатиот период работи на повеќе сегменти, со желба клубот да функционира на значително повисоко ниво.

Посебно внимание се посветува на создавање подобри услови за тренинг и натпревари, како и на унапредување на целокупната организација околу првиот тим. Намерата е фудбалерите да имаат средина во која ќе можат максимално да се посветат на тренинзите и натпреварите, а клубот чекор по чекор да поставува стабилни темели за иднината.

Со новото раководство, стручниот штаб и засилениот играчки кадар, во Братство Љубин веруваат дека имаат основа за успешна сезона. Дополнителен мотив ќе биде и поддршката од навивачите, кои се очекува да бидат важен дел од патот кон поставената цел.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!