Прва лигаФудбал

Џеков: Да доминираме и да дојдеме до нова победа во Кратово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

После успешниот старт и високиот триумф над Башкими од 6-0 во првото коло, Силекс на првото гостување сезоната одигра само нерешено 1-1 против Шкендија Арачиново, на стадионот „Чаир“ во Скопје. Сега кратовскиот тим на домашен терен против Скопје, посакува втор триумф во оваа сезона во Првата лига.

Само три бода се во мислите на фудбалерите од кратовскиот табор. Голманот на Силекс, Љупче Џеков очекува тимот да ја игра својата препознатлива игра и на крајот да стигне до посакуваната цел – победа на овој натпревар.

„Сакаме да дојдеме до нова победа на свој терен. Силекс секогаш и секаде атакува на трите бода, така ќе биде и сега. Минатото коло одигравме еден цврст натпревар, кој на крајот не го добивме  и покрај тоа што нашата цел беше триумфот. Сега се враќаме повторно на наш терен. Против Скопје да одиграме доминантно и да стигнеме до три бода. Без потценување кон противникот кој има неколку искусни фудбалери, дополнети со млади кои сакаат да се докажуваат. Меѓутоа сметам дека ние имаме квалитет да стигнеме денеска до втората победа во сезоната“, рече Џеков.

Мечот помеѓу Силекс и Скопје се игра во Кратово во 16:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!