Прва лигаФудбал

Керим: Да одиграме добар натпревар и да се вратиме со позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По освојувањето на првиот историски бод во ПМФЛ, Шкендија од Арачиново ќе се обиде да остане непоразена и на тешкото гостување во Кавадарци каде ги очекува дуелот против Тиквеш. Домаќините влегуваат во овој меч како најефикасен тим по првите две кола со дури 10 постигнати голови, максимален учинок и како лидери на табелата.

Офанзивниот играч за врска, Вилдан Керим, го почитува тимот од Кавадарци, но истакна дека арачиновци се максимално подготвени за претстојниот предизвик.

„Тиквеш оваа сезона има исклучително квалитетен состав и веќе докажа дека ќе се бори за самиот врв на табелата. Сепак, јас цврсто верувам во мојот тим. Се подготвивме одлично во текот на неделата, а дека имаме квалитет веќе покажавме на претходниот меч против Силекс“, изјави Керим.

Тој верува во потенцијалот што го поседува новиот прволигаш и е оптимист дека тимот може да стигне до нови бодови во Првата лига.

„Одиме во Кавадарци да се надигруваме, да прикажеме квалитетен и атрактивен фудбал и на крајот да се вратиме со позитивен резултат“, заклучи офанзивецот на Шкендија Арачиново.

Натпреварот помеѓу Тиквеш и Шкендија Арачиново ќе се игра на стадионот во Кавадарци, со почеток во 16.30.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!