Ракомет

Познат распоредот за јубилејното издание на турнирот „Крсте Андоновски“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид повторно ќе биде центарот на ракометното внимание во втората половина од август. Од 18 до 22 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи петтото, јубилејно издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“, со осум учесници и пет дена исполнети со квалитетен ракомет.

Македонија ќе има два претставника – домаќинот Охрид и Вардар. Меѓународната конкуренција ја комплетираат хрватските Загреб и Нексе, српската Војводина, словенечкиот Тримо Требње, грчкиот Олимпијакос и младинската репрезентација на Египет до 20 години.

Учесниците се распоредени во две групи. Охрид ќе се натпреварува во групата А со Загреб, Војводина и Египет У20, додека Вардар во групата Б ќе има за противници Нексе, Олимпијакос и Тримо Требње.

Првиот турнирски ден, 18 август, ќе го отворат Вардар и Олимпијакос од 16:30 часот. Охрид на терен ќе излезе од 18:45 часот против Египет У20, а програмата ќе заврши со дуелот Војводина – Загреб од 21:00 часот.

Веќе следниот ден охриѓани ги очекува нов предизвик, овојпат против Војводина од 18:45 часот. Во истиот термински ден ќе се одиграат и Загреб – Египет У20, како и Нексе – Тримо Требње.

Третиот ден ќе донесе нови пресметки во двете групи. Војводина и Египет У20 ќе играат од 16:30 часот, Олимпијакос и Тримо Требње од 18:45, додека вечерниот термин од 21:00 часот е резервиран за Вардар – Нексе.

Групната фаза ќе заврши на 21 август. Нексе и Олимпијакос ќе се сретнат од 16:30 часот, Вардар и Тримо Требње од 18:45, а во последниот натпревар од групите, од 21:00 часот, Охрид ќе ги вкрсти ракавиците со Загреб.

Сабота, 22 август, е резервирана за битката за конечниот пласман. Програмата ќе започне со натпреварот за седмото место од 10:30 часот, по што од 12:30 ќе следи дуелот за петтата позиција. Борбата за бронзата е закажана за 17:45 часот, додека кулминацијата на јубилејното издание ќе биде големото финале од 20:00 часот.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид на турнирот ќе влезе како бранител на трофејот. На минатогодишното издание, домаќинот стигна до својата прва титула, откако во финалето го совлада Еурофарм Пелистер со 31-26. Сега пред својата публика ќе има можност повторно да се бори за највисок пласман.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!