Прва лигаФудбал

Арсими конечно до првите бодови, Башкими со трет пораз на стартот во ПМФЛ

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Арсими конечно ја дочека првата радост во новата сезона, откако со минимални 1:0 го совлада Башкими на Градскиот стадион во Гостивар, во првиот натпревар од третото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Двете екипи влегоа во натпреварот со желба да стигнат до првиот позитивен резултат, а победничкиот момент пристигна во самиот финиш. Диего Контрерас го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој му донесе три големи бодови на составот предводен од Вилдан Селиу.

За Арсими ова се први бодови во шампионатот, по двата тешки порази на стартот – 5:0 од Тиквеш на гостински терен и 4:0 од Брегалница. Со денешната минимална победа тимот од Чегране барем делумно го ублажи лошиот старт и конечно стигна до резултат кој носи оптимизам пред продолжението на сезоната.

Од друга страна, Башкими останува без бодови по три одиграни кола. Тимот од првите две средби имаше гол-разлика од 1:11, откако загуби со 6:0 од Силекс во Кратово, а потоа со 5:1 од Тиквеш на домашен терен. Сега следуваше нов минимален пораз, но без постигнат гол.

За новиот тренер на Башкими, Шабан Сулејмани, претстои период во кој ќе треба да ја консолидира екипата и да најде решение за лошиот резултатски старт. Новата шанса за прв позитивен резултат ќе биде веќе на следниот првенствен натпревар.

Третото коло во Првата лига продолжува утре со два натпревари, додека комплетно ќе биде затворено во недела со преостанатите две средби.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!