Втора лигаФудбал

Ќерими го доби дуелот под рефлектори во Битола, Ристов ќе им суди на Беласица и Осогово, Стојчевски оди во Охрид

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од првото воведно коло на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

На утрешната програма ќе бидат шест натпревари во дневен термин од 17 часот, а колото ќе се затвори утре во Битола со меч под рефлектори од 20 часот.

Ндерим Тефику ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија ЃП и Тетекс, а негови помошници ќе бидат Филип Ицковски, Станко Митровиќ, а пак Нинослав Нанков ќе биде четврти судија.

Горан Манасиев е контролор, а делегат Сафет Мифтари.

Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Брера Струмица и Еуромилк ГЛ, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Дејан Стоиков, а четврти судија е Дарко Стојанов.

Трајче Шопов е делегат, а контролор е Сашко Ангелов.



Пларент Салихи го доби мечот меѓу Работнички и Кожуф, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓески и Хабиљ Љиворека, а пак Кристијан Гаревски е четврти судија.

Контролор е Сашо Иванов, а делегат е Славе Ѓоргоски.

Игор Стојчевски ќе биде главен арбитар на „Билјанини Извори“ каде ќе играат Охрид и Новаци, а ќе му асистираат Вјолца Изери и Метин Османи, а пак Ивица Перовски е четврти судија.

Дритан Бакали е делегат, а Горан Ангелески е контролор.

Марјан Стојановски ќе им суди на Шкупи и Детонит Плачковица, а помошници ќе бидат Куштрим Лика и Осман Зеќири, а четврти судија е Бенарт Зеќири.



Бранко Величковски е контролор, а делегат е Тихо Чурлинов.

Мечот во Струмица меѓу Беласица и Осогово ќе го суди Ангелчо Ристов, а ќе му помагаат Ване Дупкаров и Зоран Ангелов, а пак четврти судија е Блаже Петковски.

Делегат ќе биде Дејан Тасески, а Ѓорги Карајанов е контролор.

В недела се игра мечот под рефлектори меѓу Пелистер и Камјани во Битола од 20 часот, каде Бењамин Ќерими ќе биде главен арбитар, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Александар Ѓурковски, а пак Ненад Тодоровски ќе биде четврти судија.

Зоран Ѓорески ќе биде делегат, а Никола Караколев е контролор.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!