Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица ги претстави нови засилувања – радовишани склопија квалитетен тим

Сподели
Сподели



Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги промовираше новите засилувања за сезона 2026/2027 во Втората македонска фудбалска лига. Радовишани склопија квалитетен тим со кој ќе целат кон остварување на целите во новата сезона.

Дресот на Детонит Плачковица во новата сезона како што претходно ексклузивно прва објави Спортска Мрежа ќе го носат Филип Димоски, Давид Голубов, Зоран Андонов, Марио Аџиев, Махир Ајрули, Леонид Кофиловски, Асан Рифадов и Бранимир Иванов.

Димоски во Детонит Плачковица е повратник, а доаѓа од тимот на Осогово каде беше најдобра стрелец, минатата сезона тој постигна 16 гола. Низ кариерата покрај за овие две екипи настапуваше и за Победа, Охрид, 11 Октомври, Каменица Саса, Питу Гули и Вардар Неготино.

26-годишниот Андонов во Детонит Плачковица доаѓа од прволигашот Силекс, а за него ова значи враќање во Радовиш, бидејќи во минатото го носеше дресот на Детонит Плачковица. Левиот бек низ неговата кариера настапуваше и за Брегалница, Брера Струмица, Кит Го од Пехчево и Беласица, а Андонов може да игра и како лево и десно крило, што му овозможува на стратегот Горан Здравков можност за комбинации на теренот.

Струмичанецот во Првата македонска фудбалска лига забележа 60 настапи, а на кои постигна два погодоци и запиша пет асистенции.



22-годишниот Рифадов доаѓа од тимот на Шкупи, се работи за дефанзивен играч од средниот ред, кој може да игра и како лев бек. Во неговата кариера настапуваше и за Брера Струмица, Каменица Саса, Слога Виница, Гостивар и последно Шкупи. Рифадов во Првата лига забележа 26 настапи со една асистенција, а има и четири настапи во Купот на Македонија исто така со една асистенција.

Ајрули во Детонит Плачковица пристигна од тимот на Шкендија Арачиново, беше дел и од Каменица Саса, Арсими, Велазерими, Работнички и Шкупи.

20-годишниот Голубов доаѓа од прволигашот Тиквеш, потекнува од школата на Вардар, беше дел од Скопје, Кул, Каменица Саса, Охрид и Осогово, тој е младински репрезентативец на Македонија.



Аџијев во радовишкиот тим доаѓа од Каменица Саса, 20-годишниот штипјанец беше дел од Брегалница и Академија Постолов од каде и ја започна кариерата.

Иванов од Брегалница пристигна во Детонит Плачковица, беше дел и од Кит Го од Пехчево, а кариерата ја започна во Академија Постолов.

Кофиловски доаѓа од Охрид, а 21-годишниот стопер кариерата ја започна во прилепска Победа.

Новата сезона Детонит Плачковица ја отвара против Шкупи во гости.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!