ФудбалЧетврта лига

ФОТО: ФК Металург 2025 ги започна подготовките за новатаа сезона

Сподели
ФОТО: ФК Металург 2025
Сподели

ФК Металург 2025 го одржа првиот тренинг и официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27, која ќе биде историска за клубот.

Новоформираниот тим за првпат ќе се натпреварува во македонскиот фудбал, а своето деби ќе го има во Четвртата регионална лига – Скопје.

Првиот собир и тренинг беа одржани во вторник, 11 август, со што и официјално започна новото поглавје за клубот. Од Металург 2025 најавуваат амбициозен пристап и голема желба за добри резултати уште во дебитантската сезона.

Од клубот информираат дека ростерот за сезоната е практично комплетиран.

ФОТО: ФК Металург 2025

Во следниот период тимот ќе продолжи со работа и ќе одигра неколку пријателски и тренинг-натпревари, преку кои стручниот штаб ќе има можност дополнително да го подготви тимот и да го темпира формата.

Целта е Металург 2025 подготвен да ја дочека првата официјална сезона и да се обиде да биде што е можно повисоко на табелата.

За новиот клуб ова ќе биде повеќе од обична сезона – ќе биде првиот чекор во историјата на ФК Металург 2025 и почеток на една нова фудбалска приказна во Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!