Прва лигаФудбал

Пет меча суспензија за фудбалер на Вардар, 1.000 евра казна за „црвено-црните“ и 600 за Брегалница

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) неколку одлуки со кои се изречени парични казни, но и неколку фудбалери добија забрана за настап.

– Торес Јоакин Едуардо, фудбалер на ФК Вардар, се казнува со забрана за настап на 5 натпревари, поради добиен црвен картон на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– Анес Мељичи, фудбалер на ФК Шкендија, се казнува со забрана за настап на 3 натпревари, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– Рама Ландрит, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на 1 натпревар, поради добиен втор жолт, односно црвен картон, на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Скопје и ФК Струга Трим Лум.

– ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 1.000 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група „Комити“ на натпреварот од 2. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија.

– ФК Брегалница 2008 се казнува со парична казна во висина од 600 евра, поради користење пиротехнички средства од страна на нивната навивачка група на натпреварот од 1. коло во Прва МФЛ, помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Брегалница 2008.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!