Втора лигаФудбал

Стојанов: Со поддршка од Чкембарите до целта и враќање во Прва лига!

Сподели
Сподели

Пелистер продолжува да го гради составот со кој ќе атакува на највисоките позиции во Втората македонска фудбалска лига, а едно од новите имиња во битолскиот тим е Кире Стојанов.

20-годишниот фудбалер пристигна од Брера Струмица и игра на позицијата лево крило.

Младиот фудбалер со голем мотив го очекува новиот предизвик во дресот на Пелистер, а во својата порака до навивачите истакна дека заедничката цел е експресно враќање во елитата.

„Возбуден сум за новиот предизвик, заедничките цели и сè што не очекува во периодот што следи. Ќе дадам максимум на секој тренинг и секој натпревар, со желба заедно да постигнеме големи работи. Пелистер е клуб со традиција. Со поддршка од Чкембарите до целта и враќање во Прва лига.“

Пелистер во новата сезона влегува со високи амбиции и јасна цел – борба за врвот и враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Првата можност за тимот да покаже што подготвил доаѓа веќе овој викенд. Пелистер новата сезона ја отвора в недела од 20:00 часот на домашен терен, против Камјани, во натпревар од првото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!