Трета лигаФудбал

(ФОТО) Турново има стадион за респект: Комплетно уреден и подготвен за репрезентативни и меѓународни натпревари

Сподели
Сподели



Фудбалскиот стадион во Турново денес има целосно нов лик и претставува објект кој со својата уреденост и услови може да одговори на највисоките стандарди за одигрување фудбалски натпревари. Од теренот, преку трибините и соблекувалните, па сѐ до целокупниот простор околу игралиштето, објектот е доведен во одлична состојба.

Посебно внимание се посветува на самиот тревник, кој редовно се одржува и подготвува за натпревари. Се врши навремено наводнување, косење, валирање и ѓубрење, како и аерација, прихрана, отстранување на плевелите, санација на оштетените делови и дополнително одржување на тревната површина. Паралелно се води грижа и за чистотата, теренот и просторот околу него, со редовно уредување и одржување на комплетната инфраструктура.

Целосно уредени се и соблекувалните, трибините и останатите придружни простории, а целокупниот изглед на стадионот остава впечаток на модерен и функционален спортски објект. Сето тоа создава услови Турново да биде место каде што без проблем можат да се организираат натпревари од повисок ранг.

На овој стадион своите домашни натпревари ги игра Хоризонт Турново, некогашниот вицешампион на Македонија, кој денес е дел од Трета лига – Регион 3. Иако клубот моментално се натпреварува во понизок ранг, спортската инфраструктура во Турново е на ниво кое заслужува поголемо внимание.

Квалитетот на условите веќе е препознаен и од страна на репрезентативните селекции. На теренот во Турново се одигруваат репрезентативни натпревари, а стадионот беше домаќин и на елитни квалификации за Европското првенство до 17 години, како и на натпревари од квалификациски турнир во женска конкуренција.



Токму одржувањето е еден од клучните сегменти за ваквиот изглед. Редовната грижа за тревникот, навремениот третман на подлогата, косењето, наводнувањето, валирањето, ѓубрењето и прихранувањето, како и чистењето и уредувањето на трибините, соблекувалните и целиот простор околу стадионот, придонесуваат Турново да располага со терен кој може да биде пример за одржување на фудбалска инфраструктура.

Турново не е само место со богата фудбалска традиција – денес има стадион кој со својот изглед и услови може да одговори и на сериозни репрезентативни и меѓународни предизвици.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!