Трета лигаФудбал

Бимбилоски успешно опериран, следува процесот на закрепнување!

Сподели
ФОТО: ФК „Св. Троица“ - Охрид
Сподели

Третолигашот Свети Троица од Охрид преку соопштение информираше за тешката повреда што ја претрпе нивниот капитен, Боге Бимбилоски.
37-годишникот доживеал фрактура на зглобот и скинати лигаменти, повреда која ќе го оддалечи од терените на неколку месеци.

Сепак, клубот не губи надеж, бидејќи Бимбилоски вчера успешно помина операција и започна со процесот на закрепнување. Со ова, клубот изразува своја поддршка и уверување дека капитенот ќе издржи и ќе се врати побрзо и посилен од претходно.

„Ја известуваме јавноста дека, нашиот капитен, Боге Бимбилоски, за жал, претрпе тешка повреда (фрактура на зглобот и скинати лигаменти), која ќе го оддалечи од терените неколку месеци. На наша радост, вчера успешно беше опериран, со што започна неговиот период на закрепнување. Како клуб, сега, повеќе од кога било, стоиме покрај него во неговото патување кон закрепнување и се надеваме на негово брзо и целосно враќање“, велат од охридскиот третолигаш.

Новајлијата во Трета лига – Југозапад есенскиот дел го заврши на деветтото место со 11 бодови на своето конто.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација каде може да се надева и на директен опстанок, па да...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација...

ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!