Прва лигаФудбал

Брегалница го врати Методи Максимов: Репрезентативецот повторно ќе го носи „плавиот“ дрес

Сподели
Сподели

Брегалница продолжува со засилувањата во пресрет на продолжението од сезоната, а најново име во тимот на штипските „сини“ е Методи Максимов, кој и официјално се враќа во матичниот клуб по својата интернационална авантура.

Максимов, кој настапува на позициите десен бек и десно крило, пристигнува од австрискиот ЛАСК Линц, каде во последниот период беше дел од вториот тим, а во Штип ќе игра како позајмен фудбалер во наредните шест месеци.

Популарниот „Метка“, роден во 2002 година во Кочани, е производ на младинската школа на Брегалница. Благодарение на својот талент рано се пресели во Работнички, а потоа го облече и дресот на Шкендија, со која ја освои шампионската титула. Одличните настапи му донесоа трансфер во австрискиот прволигаш ЛАСК Линц, а во меѓувреме настапуваше и како позајмен фудбалер во норвешкиот Алесунд.

Неговата интернационална кариера беше прекината од сериозна повреда на лигаментите, поради која подолг период беше надвор од терените. Сега, со враќањето во Брегалница, Максимов ќе се обиде повторно да ја достигне препознатливата форма која своевремено му обезбеди трансфер во странство.

Во својата кариера Максимов ги мина сите младински репрезентативни селекции на Македонија – до 17, 18, 19 и 21 година, а има запишано и еден настап за сениорската репрезентација, во пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија.

Од Брегалница не ја кријат радоста поради враќањето на својот поранешен фудбалер и веруваат дека неговото искуство, квалитет и разновидност на десната страна од теренот ќе претставуваат значајно засилување за тимот во новата сезона. Во клубот му посакаа добро здравје, успешно враќање во натпреварувачки ритам и многу успеси во „плавиот“ дрес.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Победа со горчлив вкус: Тиквеш го совлада Еш, но остана без Европа!

Тиквеш се збогува со европската сцена и покрај победата над Еш од Луксембург со 33-32 во реваншот од првото коло на ЕХФ Европскиот...

Трета лигаФудбал

Кравари ја „прегази“ Света Троица од Охрид, Влазерими до три бода, победа за кичевски Напредок

Влазерими Јуниор го одигра првиот меч во новата сезона во Трета лига регион 5 откако во првото коло тимот од Кичево беше слободен,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кравари ја „прегази“ Света Троица од Охрид, Влазерими до три бода, победа за кичевски Напредок

Влазерими Јуниор го одигра првиот меч во новата сезона во Трета лига...

Трета лигаФудбал

Дрита испука „петарда“, Гостивар со висока победа од шест гола, Лирија до голема победа

Второто коло во Трета лига регион 6 донесе многу погодоци на сите...

Трета лигаФудбал

Илинден со „лото“ над Ржаничино, реми без голови на Студеничани и Беса Сарај, три бода за Аеродром

Фаворитот Илинден славеше висока победа од 7:1 над Ржаничино на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!