Прва лигаФудбал

Брегалница со бразилско засилување: Промовиран Матеус Лемос

Сподели
Сподели

Брегалница продолжува активно да го засилува играчкиот кадар за новата сезона, а најново име во таборот на штипските „сини“ е бразилскиот фудбалер Матеус Да Силва Лемос, кој и официјално стана нов член на повратникот во Првата македонска фудбалска лига.

Станува збор за 29-годишен фудбалер од Рио де Жанеиро, кој игра на позицијата лево крило, а по потреба може да настапува и на десната крилна позиција. Лемос не е непознато име за македонската фудбалска јавност, бидејќи претходно со успех ги носеше дресовите на Македонија ЃП и Вардар, каде се истакна со својата брзина, техника и игра „еден на еден“.

Интересно е што летово Бразилецот беше промовиран како ново засилување на Шкендија Арачиново, но на крајот се одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Брегалница. Тој веќе една седмица е во тренажен процес со екипата на Никола Кузманов и, според информациите од клубот, одлично се вклопил во новата средина.

Пред да пристигне во Македонија, Лемос настапуваше за бразилските клубови Сан Жозе, Мауа, Комерсијал и Индепенденсија, а од Брегалница истакнуваат дека станува збор за технички одлично поткован фудбалер, кој покрај офанзивните квалитети се одликува со дисциплинирана игра и во дефанзивните задачи.

Штипскиот прволигаш верува дека Лемос ќе донесе дополнителен квалитет во нападот, особено по враќањето во елитното друштво. Брегалница новата сезона ја отвори со пораз од шампионот Вардар (2-0) во Скопје, а веќе во второто коло пред своите навивачи ќе го пречека Арсими, во натпревар во кој ќе се обиде да ги освои првите бодови во новата прволигашка сезона.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!